Во светот

Елон Маск побогат за 7,6 милијарди долари

Објавено на

Во капиталистичкиот свет секоја случка, добра или лоша, влијае на берзите преку ноќ зголемувајќи или пак намалувајќи го богатството на оние што го поседуваат.

Елон Маск дефинитивно е еден од нив и дефинитивно човек околу чиј бурен живот најмногу се плетат разни случки.

А претходните денови нив ги имаше повеќе – дозна дека е позитивен на коронавирусот, неговата ракета SpaceX однесе четворица астронаути во вселената, а Tesla беше вклучена во S&P 500 индексот.

Токму ова последното нему му донесе ни помалку ни повеќе туку точно 7,6 милијарди долари, искачувајќи го неговото салдо на 110 милијарди, откако акциите на Tesla пораснаа за 15 отсто.

S&P 500 е индекс на 500-те најголеми компании во САД со чие вклучување на Tesla и официјално и беше признато она што инвеститорите долго време го знаат – дека акциите на компанија се високопрофитабилни.

А Маск поседува 21 отсто од нив и на пат е да стане третиот најбогат човек во светот.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.