Актуелен Миг

Електрични возила – да, или сеуште сметаме дека е рано

Објавено на

 

Додека светот интензивно се електрифицира, ние сеуште живееме со наметнатите заблуди.

Дефинитивно, иднината припаѓа на електричните возила.

Ни се допаѓало тоа или не, во иднина возилата ќе ги придвижува електричната енергија.

Големото тркало на инвестиции во EV е тргнато и тоа веќе е неповратен процес.

Со влегување во игра на новите енергии, автомобилскиот свет веќе е длабоко навлезен во петата технолошка револуција. Тој процес воопшто не тече мазно – многу традиционални производители се погодени па со сите сили се трудат да ги задржат позициите.

Притоа се употребуваат познати кампањски методи: од лажни вести па се до дезинформации околу штетноста на новите технологии. Но, се чини дека веќе им станува јасно дека битката е изгубена.

РЕГУЛАТИВИ

На страна на новите технологии стојат прогресивни производители кои храбро влегуваат во костец со бројните пречки кои стојат пред нив. Проблемот на традиционалистите (предводени од европјаните) е што најголемиот број нови технологии доаѓаат од Кина, а ги има и од САД.

Тоа е глобалната слика во моментов. Во прилог на електрификацијата одат и светските регулативи (поготово, европските) за квалитетот на издувните гасови.

Да потсетиме, годинава на сила стапуваатт новите Euro 7 норми кои се драматично построги во однос на сега важечките Euro 6 стандарди, а целава слика околу загадувањето би требало да се заокружи до 2035 год.

По тој дадум ќе може да се продаваат само возила со нулта емисија на штетни гасови, поинаку кажано: само електрични возила.

Ова се важечките закони и прописи според кои се раководат во своите планови сите производители – барем за сега нема никакви најави за одложување на донесените правила на игра. Напротив. Многу производители ја усвојуваат агендата „2030“ за развој на своите модели.

ДАЛИ НИ Е ПОТРЕБНА ЕЛЕКТРИФИКАЦИЈА?

Се плашам дека нема да имаме избор. Ако до 2035 година станеме членка на ЕУ, никој тоа прашање нема да го поставува. Ако пак си останеме вака како што сме, никој нема да произведува возила според нашите потреби затоа што сме премал пазар за да некој не есапи озбилно.

Во недостаток на било какви мерки за пресретнување на најавените промени, остануваме во надеж дека возилата кои ќе ги забрануваат западните земји ќе завршат кај нас.

Милина, мерак и убава можност, за мали пари, да се докопаме до премиум бренд со дизел мотор. Или можеби тој филм нема да го гледаме. Во недостаток на било каква државна стратегија за намалување на издувните гасови од кои се труеме, овој сон свесно ни се сервира.

При инагурација на компанија која за прв пат кај нас нуди нов начин на споделување на автомобили (само EV) во светот познат како „car sharing“ претставниците на владата ќе изјават: …скопјани од системот ќе имаат сериозни придобивки: почист воздух, потивки улици, намален сообраќаен метеж…

Оваа изјава ни покажува дека одговорните точно знаат што и како треба да направат. Трагедијата е што тие не прават ништо во врска со погорната изјава.

Нема ниикаква иницијатива за стимулирање на електрични возила. Ниту на повидок има некаква иницијатива за изградба на соодветна ифраструктура. За конкретни стимулации и бенефиции ич да не збориме.

Сето ова, а и многу повеќе, во соседство го има. Не ни треба некаква креативност или инвентивност. Само треба да се има волја, пред се политичка.

ПРЕДЛОЗИ

Да не испадне дека само сакаме да критикуваме, еве јавно предлагаме мерки со кои значително би се намалило загадувањето во градовите:

1. Директни субвенции за електрични возила. Предност би се дало на малите воила од градска класа, и тоа по принципот: помало возило-поголема субвенција. Од оваа мерка би се исклучиле, големите и луксузни EV;

2. Изградба на инфраструктура со полначи која би била адекватна на потребите. За градската категорија автомобили (до 4 метра) сосема доволни би биле стандардни полначи од 22 kW;

3. Стимулирање на домашни полначи (11 kW) кои значително би помогнале во растеретување на јавните полначи;

4. Означување на посебни места за паркирање на кои би се плаќала бенефицирана цена за паркинг-час;

5. И можеби помеѓу првите приоритети: разговарање со големите производители за понуда по повластена цена на одредени модели. Не говориме тука за „национално EV возило“ туку за група возила кои би ги исполниле поставените услови.

Ако сакаме почист и потивок сообраќај, а притоа да возиме и без метежи, конечно ќе треба нешто и да направиме во тој правец.

Нели е така политувани дами и господа политичари?

 

текст: Агрон Сулејман

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.