EV

Електричните автомобили на Xiaomi пристигнуваат во 2024-тата

Објавено на

Кинескиот гигант од ИТ сферата влегува сериозно во автомобилската индустрија.

Откако ја регистрираа компанијата Xiaomi EV Limited за која одвоија дури 1,5 милијарди долари стартен капитал, Кинезите сега ја објавија и нејзината агенда.

Според плановите тие со производство на електрични автомобили ќе започнат во 2024 година и имаат намера да станат еден од главните играчи на ова поле.

Бидејќи немаат никакво искуство во автомобилската индустрија, за тоа на помош го повикаа Great Wall со кој веќе се договараат за партнерство.

Што ќе се изроди од тоа никој не знае, но јасно е дека во целиот проект ќе бидат вложени големи пари и уште поголем труд за целата приказна да биде успешна.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.