EV
Електричниот Mustang Mach-E го презема приматот [видео]
Ford изненади со податоците за производството на возила во првите пет месеци годинава.
Гледајќи ги бројките, не може да не се забележи дека тие се повисоки кај електричниот Mustang отколку кај стандардниот модел.
Иако ова е добар сигнал за правецот во кој во иднина ќе се движи автомобилската индустрија, сепак треба да се има предвид дека сликата на пазарот не е идентична.
Според истите извештаи од Ford, во споменатиот период се продадени 10.510 примероци од електричниот Mach-E, во споредба со 29.710 од стандардниот Mustang.
Втората е дека лани веќе беа произведени доволни количини на обичниот Mustang и немаше потреба тој да се форсира.
Третата пак, е дека во период кога недостатокот на чипови се заканува со блокирање на производствените ленти, предност треба да се за даде на она што има поголем пазарен потенцијал.
Но како и да е, јасно е дека Ford со лансирањето на електричниот Mustang Mach-E го направи вистинскиот потег во вистинското време.