EV
Електричниот Fiat 500 ќе добие и Abarth варијанта
Потполно очекувано, новата генерација на Fiat 500 ќе се појави и во врело Abarth издание.
Со електричниот хечбек треба да се разбие стагнацијата на марката која веќе подолго време нема подготвено ништо ново.
Затоа и електричниот 500 Abarth, кој како што е потврдено ќе се појави идната година, ќе биде вистинско освежување.
Со него треба да започне и ново поглавје во историјата на спортската марка, чија иднина секако ќе биде електрична.
Покрај перформансите, една од областите која ќе биде облагородена од страна на торинските тјунери ќе биде и звукот.