EV
Електричната замена за Passat пристигнува во 2023 година
Сé тече, сé се менува – во согласност со ова струјата тече, а Passat се менува во електрична лимузина со ново име.
На промените не се имуни ниту легендите, како што е Passat кој е еден од столбовите на Volkswagen.
Насоките за оваа лимузина ќе бидат презедени од концептот ID Vizzion прикажан минатата година на салонот на автомобилите во Франкфурт.
Тоа значи дека уште пред тоа се знаело дека Passat ќе биде заменет со нов електричен модел планиран за лансирање во третиот квартал на 2023-та година.
Како доликува на наследник на еден автомобил кој има такво педигре, Велш најави дека тој ќе биде сериски електромобил со најголема батерија која ќе овозможи автономија од 700 километри.
Тоа значи дека ќе има погон на задните тркала, додека 4×4 верзиите ќе бидат опремени и со втор електромотор за предната оска.
Најавено е и дека ќе подржува полначи од 200 kW, кои за само 10 минути ќе ги дополнат батериите за поминување на 230 километри.
Позната му е и ознаката – ID.6, која е избрана и заради тоа што бројката 6 во Кина симболизира благосостојба, а како знаеме, кинескиот пазар е најголем за VW.
За Европа, пак, името Passat сепак ќе остане но во форма на караван со мотори со внатрешно согорување, кој заедно со Škoda Superb ќе се произведува во Братислава.