Во светот
Honda e: Електрика во ретро дизајн
Honda за неполна недела на салонот во Франкфурт ќе ја претстави сериската верзија на Honda e, своето електрично градско возило.
Тој процес треба да кулминира во 2025 година, кога секој модел на Honda треба да има и своја електрична варијанта.
Тоа е амбициозен план за чие остварување се ангажирани големи ресурси, од инженери и дизајнери до стилисти и креатори на модни трендови.
Иако на прв поглед едноставно, Honda e во секој свој детаљ има вградено мноштво иновативност.
Замената на страничните ретровизори со мали видео камери, е само еден сегмент кој јасно укажува на годината на раѓање.
Тој пристап поготово доаѓа до израз во внатрешноста каде што големиот екран кој се протега по целата широчина на предниот панел, ги заменува сите примарни и секундарни прекинувачи.
Honda e и покрај намената е извонредно динамично возило. Техничките специфики се должат на електромоторт кој максимално може да испорача 100 kW (136 КС) односно во посилната верзија 113 kW (154 КС), а во двата случаи импозантен вртежен момент од 315 Nm.
Без нагаѓање за максималната брзина која во секој случај зависи од поставените електронски ограничувања, забрзувањето изнесува само 8 секунди.
Сега, бидејќи збориме за батерии кои се трошат со поминување на cca 220 км, на нивно брзо полнење се чека само околу 30 минути (до 80% од капацитетот).
Имајќи на ум дека примарната задача на Honda e е движење низ урбани средини, сосема задоволувачки. Цената ќе ја дознаеме откако Honda e ќе се појави на пазарот, што би требало да се случи кон крајот на годината.