Актуелен Миг
Една автомобилска легенда заминува во историјата (со видео)
После цели 84 години, британската мануфактура Morgan реши да ги префрли своите возила на нова архитектура.
Поточно 84 години, после кои управата на оваа фирма основана во 1910 година реши дека е време за промени.
Така сега класичната челична шасија која води потекло од 1936 година ќе биде заменета со нова, посовремена, направена од алуминиум. Изгледот на возилата, сепак ќе биде задржан.
Morgan не ги објавува бројките за производството, но овој пат направи исклучок – вкупниот број автомобили од марката направени на шасијата за 84 години изнесува околу 35 илјади.