EV

Евтината Tesla може да стигне догодина [видео]

Објавено на

 

Tesla ги менува плановите – место во 2024-та, евтиниот електричен модел може да стигне догодина.

Лани во септември Елон Маск потврди дека неговата компанија подготвува електричен автомобил со цена од 25.000 долари кој треба да се појави во 2024-та или евентуално 2025 година.

Според плановите, ќе се произведува во новата фабрика на Tesla во Шангај од каде ќе се извезува низ цел свет.

За таа цел во Кина беше основан центар за развој и истражувања со примарна задача да го конструира најавениот модел.

Тоа во едно неодамнешно интервју дадено за кинеските државни медиуми го потврди и локалниот директор на Tesla, кој изрази задоволство од брзината и квалитетот со кои е воспостановен овој развоен центар.

Веднаш потоа од таму стигнаа вести дека датумот на појавувањето на овој нов евтин електричен автомобил на Tesla е поместен за идната 2022 година.

Деталите за него се ограничени, но се знае дека ќе биде хечбек поставен на платформата на Model 3 и новиот пакет батерии на компанијата.

Оваа вест засега е непотврдена, но ако има вистина во неа нема да помине долго време пред Елон Маск да се огласи.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.