Во светот

Еве зошто Дедо Мраз порано пристигнува на Запад

Објавено на

 

Дојде Божиќ според Грегоријанскиот календар, денот кога поголем дел од човештвото го пречекува Дедо Мраз.

Ако сте се запрашале зошто на сите омилениот лик на Запад пристигнува порано, одговорот ни ги претставија дизајнерите на Lexus преку HX Sleigh концептот кој ја заменува неговата традиционална санка со девет еленски сили.

Предниот дел верно ги отсликува најновите модели на марката со својата маска, тесните главни и аголните ЛЕД дневни светла. Елегантниот стил продолжува низ силуетата со ниското ветробранско стакло и витки страници до стрмниот заден дел каде е багажникот во кој Дедо Мраз ги носи подароците.

Таму се и малите млазни мотори кои му овозможуваат навреме да стигне низ целиот свет за да ги израдува сите оние кои желно го очекуваат. За сé да помине во ред се грижат бројните системи меѓу кои и клима уредот со греење на вратот и инфо-забавниот дисплеј со вграден систем за контрола на воздушниот сообраќај.

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.