Наше мислење
Државата ќе го спасува Volkswagen
Опстанокот на големите автомобилски групации не е можен без државна поптпора.
Исто како што на силниот кинески налет никој не може да остане рамнодушен.
Поготово не, тие што до неодмана беа неприкосновени на светскиот врв.
Помеѓу нив секако е и групација од калибарот на еден Volkswagen.
Веќе видено сценарио
Се до 2008 г. амерканската GM (General Motors) група важеше за најголем производител на автомобили. Доминацијата која траеше цели 77 години беше прекината од Toyota.
Продажбата на техничките центри за развој (претежно во Европа), потоа ослободувањето од прогресивниот Opel, како и гаснење на брендовите Pontiac, Oldsmobile, Saturn, Hummer, Vauxhall, Holden, … требаше драматично да ги реуцира трошоците.
Ништо од тоа не се случи, притоа успеаја да ги изгубат најголемите светски пазари, а како утеха им слижи успешноста на заедничката компанија со кинезите од Wuling (SAIC-GM-Wuling).
Само како потсетување нека послужи фактот дека при преструкирањето, GM користеше обилна помош (во вид на кредити и разни субвенции) од државата.
Кога ќе се удри црта под постигнатите резултати и повеќе од јасно е дека државната помош успеа само да ги ублажи резултатите од лошото работење – успехот останува како императив за некои други времиња.
Претходно Ford Motor Company (Ford, Lincoln) се соочи со сериозно намалување на побарувачката па беше приморан на болни рестрикции. Тогашниот економски моментум во државата (САД) им дозволи да земат поволни кредити како би ја пребродиле кризата.
Тие некако успеаја да преживеат, но никогаш веќе не се вратија на претходните позиции. Агонијата сеуште им трае, а губењето драгоцено време во неуспешно барање на нови технолошки решенија воопшто не им оди во прилог. И во случајот на Ford се испоставува дека државната помош повеќе наликува на фрлени пари во бунар отколку фаќање приклучок со конкуренцијата.
Државата мора да субвенционира
Ако претходните искуства со американските „кармејкери“ ни послужат како примери, што би можеле да кажеме за вжештениот период низ кој минува Volkswagen Group.
Соочуваето со опадната побарувачка (поготово на кинескиот пазар), високите трошоци за развој чии резултати се под голем знак на прашање, малата искористеност на капацитети, … го наметнаа единственото решение – затворање на фабрики.
Овие драматични најави на менаџментот ги запалија црвените светла во погоните на германската „националната гордост“. Додека траат тешките преговори со синдикатот на металните работници (IG Metall), се појасно е дека без финансиска интервенција од државата, состојбите тешко дека ќе можат да бидат решени.
Поедноставено: ќе треба длабоко да се брцне во зедничките пари за да се спаси опасно загрозениот гигант. Дали ќе се посегне по единственото спасоносно решение, ќе зависи од многу фактори, но шансите за да се случи тоа се сосема реални.
Пазарна економија, либерални услови, конкурентност,…
Сосема е друго прашањето што за една декларарирана и развиена либерална економија значи државен интервенционизам во една голема акционерска компанија, е прашање на принципи.
Или тоа важи само за помалите економии на кои токму тој принцип им се наметнува како неопходен услов за пазарно ориентирано стопанство!
Само како потсетување: високите тарифи за кинеските производители се воведени (од САД и ЕУ) со образложение дека примаат државни субвенции.
Тука ќе престанеме со преиспитување на принципите, но секако ќе се обидеме да прогнозираме дека и германскиот гигант ќе успее да се спаси, односно дека само ќе ја продолжи агонијата се до некоја наредна (не)прилика.
За жал на германските полначи на буџетот, а на радост на акционерите!
Судбината на америкаските производители може да биде многу поучна.
текст: Агрон Сулејман