Актуелен Миг

Државата дели субвенции за плински уреди

Објавено на

 

Сите граѓани кои во возилата ќе вградат уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид алтернативно гориво, ќе добијат субвенции од државата во висина од 50 отсто од неговата цена или максимално 18.000 денари.

Тоа е содржината на јавниот повик што се очекува да биде објавен и кој ќе трае 60 дена или до исцрпувањето на предвидените 11 милиони денари, што е доволно за повеќе од 600 возила.

Право на субвенции кои ќе се делат според принципот „прв дојден, прв услужен“ ќе имаат сите сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму кои ќе купат и вградат ваков уред по објавување на јавниот повик.

Тоа се докажува со впишување на промената на типот на погонското гориво во сообраќајната дозвола, што МВР го прави после атестирањето на уредот.

Со оваа мерка која произлегува од законот за моторни возила ќе биде опфатено само по едно возило во семејството.

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.