Актуелен Миг

Домашна премиера на BMW X3

Објавено на

 

Четвртата генерација на BMW X3 доаѓа со целосно нов изглед, со бензиски, дизел и електрифицирани мотори, а почетната цена е поставена на 70.890 евра.

Првиот BMW X3 беше произведен во 2003 година, со што беше означен почетокот на на SAV (Sport Activity Vehicle) ерата на Баварците.

Премиум SUV-от со компактни димензии, со тоа и службено стана конкурент на Mercedes-Benz GLK (подоцна преименуван во GLC).

Таа технолошка трка – на радост на лубителите на премиум квалитетот – трае се до денешни денови.

Од минатиот август BMW има нов адут кој доаѓа во вид на четврта генерација на „X3“. Како и сите досегашни модели со ознаката „X“ и новакот има перманентен погон (X Drive) на сите тркала.

Како недминлив дел од „X“-традицијата секако е и надолжно поставениот мотор како и променливата дистрибуција на вртежниот момент по оски. Наградата за ваквата поставеност доаѓа во вид на зголемена теренска проодност.

Надворешните димензии се сменети (L=4.775 mm) со што е постигната пониска и поширока силуета, и погодувате, целта е акцентирање на поспортски впечаток.

Со својата спортска привлечност, впечатлив дизајн и напредни техноглогии, новиот BMW X3 ја презема улогата на талентирано, сеопфатно возило за секојдневна употреба, слободни активности и удобни патувања.

Новиот дизајнерски јазик на четвртата генерација на BMW X3 му дава импресивна надворешна појава и динамична грациозност.

Висококвалитетните материјали, значително попространата стандардна спецификација, напредната дигитализација и новиот BMW iDrive со QuickSelect, заснован врз BMW Оперативен систем 9, го доловуваат премиум амбиентот во прогресивно дизајнираната кабина.

Задоволството при возењето, безбедноста и удобноста на долги растојанија во новиот BMW X3, се должат на исклучително прецизното подесување на целокупната организација на автомобилот.

Во иста функција се става  и широкиот избор на полуавтоматски системи за возење и паркирање“ – изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во компанијата М Кар.

Почетната понуда ги вклучува следниве варијанти: X3 20d, X3 20 бензин, X3 M50 бензин и X3 30e, сите се разбира ја носат наставката, xDrive.

Електричната верзија на новиот BMW X3 ќе биде првaта едиција на Neue Klasse, која ќе се разликува од постоечките модели, а неговото претставување на пазарот ќе започне во четвртото тромесечје на 2025 година.

BMW X3 се произведува во фабриката на BMW Group во Спартанбург (САД) и во фабриката Рослин (Јужна Африка) со производствен процес што се фокусира на зачувување на ресурсите и циркуларност.

Новиот BMW X3 е веќе вo продажба и достапни се четири варијанти на моделот, почнувајќи со цени од 70.890 €.

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.