EV

Добро-лоши вести од Alfa Romeo

Објавено на

 

На состанок со италијанските дилери на Alfa Romeo, директорот на компанијата Жан-Филип Импарато изнесе серија добро-лоши вести.

Ќе започнеме со една од лошите, која всушност и не е лоша – новиот кросовер Tonale, кој требаше да започне да се произведува пред крајот на годинава, ќе доцни.

Неговото претставување е одложено за март идната година бидејќи Импарато, незадоволен со плаг-ин перформансите, побарал да се доработи пред да биде лансиран.

Понатаму, сé до 2026-тата, Alfa Romeo ќе претставува по еден нов модел секоја година, а сé што ќе се појави после тоа ќе биде електрично.

Меѓу новите модели ќе има уште еден кросовер помал од Tonale, а за другите новости засега нема никаква конкретна најава што би биле.

Се претпоставува дека тоа ќе бидат модели компатибилни за американскиот пазар бидејќи една од целите да се зацврсти присуството таму.

Сепак што и да бидат едно е јасно – дека ќе бидат насочени кон перформансите и уживање во возењето, а не кон технологиите.

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.