Очигледно премислувајќи се, Германците сепак одлучија да пополнат уште една фиока во својот асортиман со дериват на Renault Kangoo.
Citan веќе постои, но Т-класата е она што Mercedes мисли дека му фали како врвно комби возило иако техничката основа и не му е баш таква.
Сепак германското облагородување освен малку поукрасената каросерија ќе донесе подобри материјали, побогата опрема и секако повеќе луксуз.
Дали Т-класата ќе има и електропогон каков што беше најавен со EQT концептот ќе дознаеме на 26 април за кога е закажана премиерата.