EV
Дизелите ја загубија битката со електричните возила
Веста која ја очекувавме, ама не волку скоро, пристигна од Германија – дизелите ја загубија битката со електричните возила.
Додуша со помош на субвенции од државата и заедно со плаг-ин хибридите бидејќи официјалната статистиката ја следи нивната продажба заедно.
Дизелите, пак, во истиот период беа избор на 361.151 купувач, освојувајќи 22,2 отсто од вкупната продажба.
Пред нив, секако, се возилата со бензински мотори кои забележаа 629.990 регистрации, односно 38,7 отсто, додека остатокот се обични хибриди и возила на алтернативен погон, главно гас.
Оваа клучна промена сосема е во согласност со трендовите и понудата на пазарот, која во последниов период драстично е збогатена со електрични модели.