EV

Дизајнерска катастрофа: Најгрдиот Ferrari во историјата

Објавено на

Кога ќе се каже Ferrari, секогаш се помислува на нешто возбудливо, нешто што ќе ја зоврие крвта и ширум ќе ви ги отвори очите.

Но ова како да не важи за сите, посебно не за оние кои биле одговорните во италијанското дизајн студио Carrozzeria Ghia на средината од педесеттите години од минатиот век.

Приказната започнува на салонот во Париз 1955-тата кога Ferrari ја претстави механиката за 410 Superamerica – шасија и мотор, без каросерија.

Тогаш Енцо Ферари испрати барање до најпознатите италијански дизајнери да креираат тело за моделот кое треба да ги отсликува врвните перформанси на 5,0 литарскиот V12 со 340 коњи.

На повикот одговорија повеќе дизајнерски студија, меѓу кои и Carrozzeria Ghia со овој монструм што го гледате, за кој им требало повеќе од година да го комплетираат.

Не е тешко да се погоди како реагираше Енцо – Ghia никогаш повеќе не изработи ниту еден проект на Ferrari.

Се проценува дека еден единствен направен примерок денес вреди меѓу 5 и 6 милиони долари.

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.