Видео

Десет најбрзи автомобили на денешницата

Објавено на

 

Кои се десетте најбрзи супер автомобили и колку изнесува нивната максимална брзина? Одговорот е спакуван во 10-минутно видео!

 

Секој производител сака да ја понесе ласкавата титула, најбрз автомобил на денешницата. Но трката со максималните брзини е динамична категорија: додека се поставуваат рекорди, веќе во специјализираните работилници се подготвуваат нивните заменици.

Најспориот од најбрзите за 2018 година е Pagani Huayra Roadster кој развива „само“ 370 км/ч, додека најбрзите опасно се доближуваат кон новата волшебна граница од 500 км/ч.

Притоа интересно е дека германските и италијанските спринтери кои доаѓаат во вид на Porsche, Lamborghini или Ferrari ги нема во елитното друштво. Од друга страна шведскиот Koenigsegg помеѓу елитните десет е присутен со дури три модели.

Ви предлагаме да го погледнете импресивното видео од десетте владетели на брзините.

 

[tube]https://www.youtube.com/watch?v=t4f6MYPOL1o[/tube]

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.