Во светот
Дебитираше Kia EV6 [фото-галерија]
Со доста изненадувачки бројки во техничките податоци, Kia го претстави својот прв електричен модел од новото доба.
Ако досега електричните возила на Kia беа изведени од постоечките, новиот EV6 е нешто сосема поинакво бидејќи е поставен на наменската платформа на групата.
Затоа и погледот во техничките податоци на EV6 открива многу изненадувања, меѓу кои е и импресивното забрзување до 100 km/h за само 3,5 секунди, што е подобро отколку Porsche Taycan 4S.
Ова се однесува на GT изведбата со 585 КС доволни за максимални 260 km/h, достапна исклучиво со погон на сите тркала и батерии со капацитет од 77,4 kWh кои овозможуваат автономија од 405 километри.
Нивното полнење, пак, од 10 до 80 отсто трае само 18 минути, а ако ви се брза за четири ипол минути ќе дополните струја доволна за поминување 100 километри.
Значајно е и тоа што Kia EV6 може да служи како надворешен извор за напојување на други работи, но и за полнење на друго електрично возило кое останало среде пат без струја.
И за крај на ова прво запознавање, Kia EV6 може да влече приколка тешка до 1.600 kg.