Во светот
Две прашања за тоа колку добро ја познавате гамата на Honda
Првото е кој е првиот SUV на Honda, а второто дали знаете што е ова што го гледате на сликите?
Ако одговорот на првото прашање ви е CR-V од 1995-тата, тогаш грешите – пред него, во 1993 година, Honda имаше уште два (всушност три) SUV модела.
Вториот пак е поинтересен и се одзива на името Crossroad, но само на јапонски – на сите други јазици се вика Land Rover Discovery.
И тој е резултат на бренд-инженерингот, произлезен од долгата соработка меѓу Honda и Rover и потребата нешто такво да се понуди на домашните купувачи.
Изборот им беше 3,9 литарски бензинец со 182 KS, кој овој теренец го постави единствен на листата возила на Honda со V8 мотори.
И покрај тоа што Rover отиде под капата на BMW во 1994-тата, соработката меѓу јапонскиот и британскиот производител траеше до 1998 година, кога се појави втората серија на Discovery.
А тогаш веќе Honda наголемо го продаваше CR-V…