Во светот

Дали е ова следниот хипер автомобил на Bugatti?

Објавено на

Нешто сосема поинаку од се што досега е направено.

Пред само неколку дена беше објавена веста за премин на сопственоста на Bugatti од Volkswagen Group во Хрватскиот производител на електрични хипер спортски возила, Rimac Automobili.

Веста ниту беше потврдена ниту пак демантирана од двете страни. Тоа што досега се знае е дека брендот Porsche како членка на VW Group поседува 15,5 проценти од Хрватскиот производител.

Според добро упатени извори, можната трансакција се однесува на премин на 49 % од акциите на VW во сопственост на Rimac.

Додека траат нагаѓањата околку евентуалната трансакција, во оптек се пуштени рендери за можниот изглед на целосно нов модел на Bugatti.

Интересно е што тој би бил целосно електричен, факт кој повторно упатува на тесна соработка со најдобриот на тоа поле, а тое е – Rimac.

Со евентуалното сериско појавување на моделот од овие фотографии, јасно би било едно: дефинитивно е исцрпен концептот на хипер спортски автомобили опремени со класични мотори. Па макар тие биле од најтежок калибар и опремени со најнови технологии.

Кога класичарите се борат за постигнување на првата стотка од три секунди – добро, тоа Bugatti Chiron Super Sport веќе постигна 2.4 секунди – електрично покренуваните спортиви веќе оставруваат забрзувања кои траат за цела секунда пократко.

Највозбудлив момент во целата приказна е изгледот на концепетот. На оваа позиција бездруго одлично би се надоврзале четири електромотори со голема силина која Rimac знае како да ја менаџира.

Во секој случај нешто многу крупно се случува во светот на хипер спортистите, а Хрватскиот Rimac има што да каже на тоа поле.

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.