Актуелен Миг
Дали е време за купување на EV?
Пазарот на електрични возила е прилично динамичен, па логично звучи прашањето, дали е дојдено време за купување на електрично возило?
Се разбира говориме за наши, домашни услови.
Во ситуација кога на домашниот пазар имаме понуда на стотина модели на струја, малку архаично звучи нашето мислење.
Пред да ги образложиме нашите аргументи, уште да додадеме дека за разлика од возилата на нафта и бензин, цените на електричните возила бележат мал но доста сигнификативен пад.
Главен проблем за омасовување на продажбата на електрични автомобили, секако претставува нивното полнење.
Потенцијалните купувачи истакнуваат дека јавни полначи има премалку, па при купувањето тие мора индивидуално да се снаоѓаат, односно да се потпрат на домашни полначи.
Иако од ценовен спаект тоа е и најповолната опција, сепак живеењето во колективни стамбени објекти, кои патем се најбројни, максимално го усложнува евентуалното полнење.
Другиот начин кој значајно би придонел во поедноставување на полнењето е изградбата на брзи полначи (мин. DC 50 kW). Гледано о технички агол, изградбата на јавна инфраструктура за полнење на батериите далеку е поедноставно, од да речеме, изградбата на една бензиска пумпа.
Би го прифатиле тој факт доколку државата би располагала со наоѓалишта на нафта, или можеби на природен гас. Колку што нам ни е познато тие енергенси доаѓаат исклучиво од увоз.
Ако, како држава, имаме нешто што мириса на енергија, тоа секако е домашно производство на електрична енергија. Покрај јагленот тука се и хидроцентралите, но нјаважни се обновливите извори на енерегија.
А внимавајте сега на овој податок: до крајот на годината нашето производство на електрична енергија од природни извори (фотонапонски и ветерни паркови) ќе се покачи од сегашните 900 илјади мегавати на преку 1.000 вати (1GW). Еколошки најчист облик на енергија.
Сега можеби допираме во суштината на проблемот со струјата, а индиректно и на полнењето на батериите на EV. Таа количина на произведена енергија (реверзибилна, чиста, еколошки прифатлива) многу лошо се менаџира.
Малите и средни инвестии во областа се оставени на добрата волја на ЕВН Македонија. Австриската приватна компанија има монопол за дистрибуција на електрична енергија во нисконапонската мрежа.
Во отсуство на било каква регулатива што може да влијае на слободниот пазар, сé се сведува на нивната проекција: чија енергија и по каква цена ќе биде прифатена во мрежата. Состојбата е неподносливо некоректна, и пружа одлична можност за корупција.
Тука мора да го истакнеме и фактот дека во нјаголем случај инвестициите во фотонапонски централи се изведени со технологија на промптна испорака на генерираната енергија, а не преку складирање во адекватни батериски системи.
Овој факт е единственото оправдување за (не)прифаќањето на најголемиот дел од генерираната енергија.
На останатите економски субјекти тоа не им е дозволено.
Поставувањето на неколку брзи полначи на бензиските пумпи на Макпетрол, повторно е во режија на семоќните австријци.
Е сега, ако видите дека пред многу јавни објекти, вклучувајќи ги тука и бројните полначи поставени пред продажните салони на нови возила, мора да знаете дека ќе има проблеми со фактурирањето.
Истото важи и за хотелите, паркинзите, другите јавни објекти.
Значи: не смеат да ви продадат електрична енергија за полнење на електричните автомобили, па фактурите ќе гласат на нешто што нема никаква допирна точка со купувањето електрика.
Во главни црти тоа е основната причина за недостаток на инфраструктура за полнење. Толку. Секакви оправдувања во овој правец, слободно сметајте ги за невистинити.
Ако се навратиме на почетокот на текстот и го повториме заклучокот во кој велиме дека сеуше не е време за купување EV, како додатен аргумент ќе мора да истакнеме дека нашата држава не одобрува никакви субвенции при купувањето на електрични автомобили.
И покрај таквата поставеност на системот, сепак продажбата на EV кај нас расте, а тоа се должи на богатата понуда и на група купувачи кои преферираат еколошко возење, перформанси, вискоа технологија,… и сето тоа можат финансиски да го поднесат.
На масовност (демократизација на купувањето) ќе попричекаме. Законските одредби велат дека сеуште смееме да увезуваме возила произведени во 2005 година.