Актуелен Миг

Гранд Ауто со поддршка за Фудбалската федерација на Македонија.

Објавено на

 

Гранд Ауто постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на Федерацијата и нашите национални репрезентации.

Гранд Ауто во Македонија ги застапува брендовите Ford, Hyundai, MG Motor и Chery.

Основен принципи според кој се води компанијата е понуда составена од бројни модели на брендовите кои ги застапува со што може да се задоволат вкусовите на широк круг купувачи.

Менаџментот кој ја води компанијата, освен посветеноста, го краси – амбициозноста.

Од неодмна раководната улога во Фудбалската федерација на Македонија ја извршува Масар Омерагиќ.

При преземање на најодговорната функција во фудбалот, претседателот најави целосна организациска реконструкција на федерација. Во суштина овие реформи ги краси – амбициозноста.

И кога два амоциозни состави ќе се сретнат, на хоризонтот се појавува надеж која ветува успех. Токму затоа сосема природно делува воспоставеното партнерство помеѓу Гранд Ауто од една и Фудбалската федерација на Македонија, од друга страна.

„Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и Куќата на фудбалот’  добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто.

Нѐ радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство. Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри.

ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат.

Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи.

Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

„Grand Auto“, како официјален увозник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery во Македонија, отсекогаш е посветени на напредокот – како на патиштата, така и во заедницата. Оваа година, по нашето неодамнешно ребрендирање, поставивме јасна цел: активно да го поддржуваме развојот на спортот во нашата земја.

Затоа, со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со Фудбалската федерација на Македонија – најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, овозможувајќи им целосно да се фокусираат на она што е најважно – развојот на фудбалот и инспирирањето на новите генерации спортисти.

Со ова, можеме да бидеме сигурни дека нашиот фудбал ќе биде безбедно и сигурно возен, во духот на одржливоста и иновациите што ги носи современата автомобилска индустрија. Најразлични модели, од товарни до патнички и комплетно електрични возила ќе бидат дел од нашата поддршка.

Фудбалот обединува, буди страст и ја симболизира силата на тимската работа – вредности кои длабоко ги споделуваме во Grand Auto, истакна генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.