Во светот
Годинава ја очекуваме новата Honda CR-V
Јапонците имаат строг распоред кога е во прашање смената на генерациите и ретко кога отстапуваат.
Според него, годинава е ред Honda CR-V да добие нова генерација која веќе е подготвена.
Доказ се и патентната скица за нејзиниот дизајн од која верно може да се види како ќе изгледа новиот модел.
Иако не се гледа, тој е налик на сегашниот CR-V и изгледа дека повеќе е тргнат по патот на еволуцијата отколку темелната промена.
Технички информации сé уште нема, но едно е сигурно – погонските групи ќе бидат хибридни, ако не глобално барем во Европа.
Точниот датум кога новата генерација на Honda CR-V ќе биде претставена не е познат.