Во светот

Германците со оригинални идеји за цените на паркирањето

Објавено на

 

Универзитетскиот град Тибинген кој се наоѓа во германската покраина Баден-Виртемберг реши за шест пати да ги зголеми цените на паркирањето – од 30 на 120 евра годишно.

Бурната дискусија во градското собрание заврши со одбивањето на предлогот на градоначалникот цената на паркирањето да изнесува цели 360 евра годишно.

Но затоа беше одлучено сопствениците на возила потешки од 1.800 килограми, што значи сите големи (и скапи) теренци, да плаќаат 50 отсто повеќе, односно 180 евра годишно.

Причината зошто општинските советници така одлучија е дека тие возила повеќе загадуваат, иако ние би рекле дека всушност мислеле дека нивните сопственици повеќе заработуваат.

Заради сложената административна процедура оваа одлука сé уште не е конечна, но нема големи сомнежи дека нема да се прифати.

Од неа ќе бидат исклучени лицата со загрозен социјален статус кои ќе плаќаат само половина, а бенефиции ќе имаат и лицата со  инвалидитет.

Дали има потреба да ве потсетиме колку чини годишна карта за користење на паркиралиштата кај нас?!

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.