EV

Германците против Швеѓаните: Volvo може да вози и над 180 km/h

Објавено на

Кому му се допаѓало тоа или не, заради поголема безбедност во возењето, од летово сите возила на Volvo имаат фабрички ограничена максимална брзина од 180 km/h.

Иако Volvo тврдеше поинаку, едни од посочените дека тоа нема да им се допадне беа Германците, на чии автопатишта може секој да вози колку сака.

Воден со тој предизвик, германскиот тјунер Heico Sportiv најде начин како да ги надмудри Швеѓаните.

Тој како се рекламира, без проблем може да ги натера сите нови возила да Volvo да одат повеќе од тоа колку сака фабриката.

Според него електронскиот ограничувач на брзината лесно се премостува со софтверот што тој го користи за зголемување на силината на моделите од сериите 40, 60 и 90.

Тој вели дека тоа на софтверот не му е примарна задача, но и дека од него преработените возила постигнуваат меѓу 30 и 70 km/h поголема максимална брзина.

На изненадување, цените за тјунерската доработка не се големи – почнуваат од 1.112 евра за бензинските и дизел моделите на серијата 40, па сé до 1.543 евра за хибридите од серијата 90.

Heico Sportiv дава гаранција на својата работа од 60 месеци, за која засега не е јасно дали ја поништува стандардната гаранција на Volvo.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.