EV
Германија ги одбра најдобрите возила за 2021 година
Невообичаено рано, Германското национално жири кој ги избира најдобрите автомобили, ги објави резултатите за 2021 година.
Стручното жири составено од 18 членови, специјалисти од областа на автомобилизмот, ги објави резултатите од годинешниот избор, GCOTY 2021.
Годинава се воведени пет категории во оквир на кои се бираат најдобрите. Тие се поделени според припаѓачката ценовна класа.
- Во Компакт категоријата конкурираат возила со цена која не надминува 25 илјади евра;
- Следна е Премиум категоријата во која кандидатите се со цена пониска од 50 илјади евра;
- Во Луксузната класа возилата ја надминуваат границата од 50 илјади евра;
- Категоријата на Нови енергии е составена од кандидати кои користат алтернативни горива;
- И на крајот Перформансните возила се супер спортисти со истакнати перформанси.
Сите победници подеднакво ја делат наградата, Автомобил на годината во Германија. Во продолжение победниците по одделни категории:
Compact – Volkswagen Golf
Premium – Volkswagen ID.3
Luxury – Polestar 2
New Energy – Honda E
Performance – BMW Alpina B3
Во Comapct категоријата, која патем кажано со 15 номинирани возила беше и најбројна, со титулата се закити Volkswagen Golf од осмата генерација. Своевидно изненадување е победата на Honda E во категоријата алтернативни горива, бидејќи таму годинава владее вистински наплив од батериски електрични возила (BEV).