EV

Во Serie 1, BMW ќе вградува преден погон со што се збогува со 6-цилиндричните мотори

Објавено на

 

Надоаѓачката Serie 1 ќе доаѓа со преден погон и без славните шест-цилиндрични мотори. За лубителите на класичната баварската „единица“, BMW го понуди M140i Final Edition.

Актуелната „серија 1“, BMW ја нуди во класична конфигурација со надолжно сместен мотор и погон на задната оска.

Но, времињата се менуваат па така и класичните решенија претрпуваат промени. Новата BMW Serie 1, чие претставување ќе биде годинава, ќе има погон на предната оска со што снемува простор за вградување на славниот шест-цилиндерски линијаш.

За да се одбележи една цела епоха, баварскиот производител, за лубителите на класиката, го претставува M140i Final Edition кој во компактно пакување носи мотор од 340 КС кои ги испорачува на задната оска.

За да не остане само на класичната механика овој модел е опремен со специфични естетски и функционални детали.

Колку за потсетување, на кинескиот пазар, верзија на најмалиот BMW веќе извесно време се испорачува само со погон на предната оска, додека во Европа навиката за поседување баварец со преден погон треба да ја развива моноволуменот BMW серија 2.

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.