Во светот
Во Citroen скептични за иднината на C1
Малиот C1 нема некој голем процент учество во продажбата на Citroen, но сепак раководството на компанијата е загрижено за неговата иднина.
Според извршниот директор Винсен Кобе, еколошките прописи прават да биде готово невозможно седум години стариот Citroen C1 да се замени.
Оваа класа возила и досега беше на граница на рентабилноста, заради што практично не постои модел кој самостојно е развиен.
Сите знаеме дека Citroen C1 е брат-близнак на Peugeot 108 и Toyota Aygo, кои се произведуваат во до скоро заедничката фабрика во Чешка.
Но Французите се премислуваат и уште лани сугерираа дека промената на еколошките и пазарните услови можат да доведат до укинување на овој модел.
Сегашната изјава на Кобе само го потврдува нивниот став, кој всушност се однесува за целиот овој сегмент на мали градски возила, без разлика кој ги произведува.