EV
Во 2026 година Mercedes-Benz го гаси брендот Smart
Најмалиот Daimler во иднина ќе биде насочен кон конкурентите од типот Audi A1 и Mini, а ќе се произведува како мек хибрид, плагин хибрид и возило на чист електричен погон.
Марката Smart, која е чедо родено од бракот помеѓу Daimler и Renault, ќе биде угасена во 2026 година. Тоа значи дека Smart моделите, ForTwo и ForFour, кои се развиени и произведувани заеднички со Renault (Twingo), после овој датум ќе бидат пратени во пензија.
Со самато тоа и синергијата во производство на мали автомобили помеѓу францускиот и германскиот производител, ќе биде ставенa Ad acta.
Според службените најави Mercedes-Benz овие модели ќе ги замени со друго мало возило кое би требало на пазарот да им конкурира на премиум младинците, Audi A1 и Mini.
За погон ќе биде употребен нов трицилиндерски мотор од 1.0 литри во изведба како мек хибрид (mild hybrid), потоа како плагин хибрид или (без него) како потполно електрично возило.
Оваа промена ќе се одрази и на новиот Twingo кој ќе биде развиен повторно како возило со преден погон бидејќи сегашнава изведба, исто како и Smart, има погон на задната оска, решение кое е проблематично од аспект на практичноста и функционалноста.