Во светот
Во чест на 40-годишнината на Quattro, Audi изработи специјална едиција, TT RS
Веќе се навршија 40 години од појавувањето на Audi Quattro кое направи вистинска револуција во перформансите како на обични патишта така и во рели шампионатите.
Од тој момент интегралниот погон стана достапен и кај сериските патнички автомобили.
Драматично зголемената тракција им годеше на возачите, што е уште позначајно, за добра проодност по секакви временски услови веќе не мораше да се посегнува по големите и тешки теренски возила.
Притоа квалитетот на возење воопшто не мораше да биде жртвуван. Напротив.
Од друга страна, професионалните од светскиот рели шампионат добија непобедливо оружје – и најнапредниот погон на задната оска не можеше да постигне таква тракција.
Успесите се редеа, Quattro погонот постојано се унапредуваше, а со популарноста стануваше се подостапен за купувачите. Откако стана синоним за погон на двете оски, понудата на Quattro се прошири на речиси сите модели од гамата.
Сето тоа вреди да се прослави. Во таа чест, а под мотото ’40 Years of Quattro’, Audi изработи посебна серија, TT RS која всушност треба да не потсети на Audi Sport Quattro S1 кој на легендарниот Pikes Peak во 1987 година извојува убедлива победа.
Во механичкиот дел разлики во однос на серискиот TT RS речиси и да нема. Петцилиндерскиот турбо мотор испорачува 394 КС и 480 Nm.
Тоа е доволно за стреловити забрзувања, а до првата стотка потребни му се само 3,7 секунди.
Без никаков сомнеж околу одлично одбележаниот јубилеј, цената може да претставува пречка за многу лубители на Audi TT RS.
Имено таа е речиси двојно повисока – славеничкиот модел чини 114 илјади евра – од серискиот модел. Јасно, во Audi се свесни за тоа, но сметаат на своите верни купувачи кои се лубители на специјални едиции.