После пар години согледување на искуствата, француските власти решија сериозно да го зголемат бројот приватни пресретувачи.
Нивната задача, исто како и на полицајците, е возејќи необележани автомобили да ги ловат брзите возачи, но не можат да им напишат казна.
Тие само ги снимаат и податоците ги испраќаат на полицијата која понатаму ги процесуира во „честитки“ за документираното брзото возење.
За ангажирањето на приватни пресретувачи властите се решија заради нивната поголема ефикасност – тие ловат и до 20 пати повеќе брзи возачи.
За оваа работа се ангажираат специјализирани фирми кои своите автомобили ги опремуваат со радар скриен под регистарската табличка и камера во внатрешноста.
Во Франција во моментот оперираат 385 приватни пресретувачи, а од 2023 година ќе бидат распоредени низ целата земја.