Во светот
Во Турција започна производството на Hyundai Bayon
Hyundai Motor соопшти дека нивната фабрика во Турција стартувала со производство на новиот SUV Bayon.
Претставен пролетва, новиот Bayon е наречен според истоимениот француски град сугерирајќи дека е инспириран и направен за Европа.
Во оваа фабрика која започна со работа во 1997 година и во која се вработени 2.500 луѓе, се произведуваат i10 и i20, а сега и Bayon.
Има капацитет од 230.000 возила годишно, а во 2019 година го произведе своето двомилионито возило.
Продажбата на Hyundai Bayon во Европа треба да започне летово, по цени кои во Германија стартуваат од 16.790 евра.