Во светот
Во Србија се чека и до 20 дена за технички преглед
По три години преоден период, во Србија се воведоа нови, далеку поригорозни правила за техничките прегледи на возилата.
Но освен што голем број возила не можат да го поминат техничкиот преглед заради ситни недостатоци кои до скоро никој не ги гледал, проблем имаат и возачите со целосно исправни возила.
Оние пак што работат мора да одвојат најмалку по 35 минути за преглед на едно возило кој се снима со камера, што создаде хаос во целата постапка.
Ваквата ситуација – ист број возила од кои некои се враќаат од технички преглед и помалку станици кои сега можат да прегледаат помалку возила за истото време, наложуваше воведување на систем за закажување.
Повештите веќе инвестираат во удвојување на линиите за технички преглед.
О друга страна на сите им е јасно дека ваквата ситуација ќе потрае, посебно што голем број возила заради недостатоци не можат да го поминат од прв пат. А потоа се знае, целата процедура мора да се повтори.