Во светот
Во Словенија се возат сé постари автомобили
Словенците се загрижени – просечната старост на возниот парк во земјата постојано се зголемува.
Според нивните статистички податоци, денес во Словенија се возат скоро 1,2 милиони патнички возила чија просечна старост изнесува 10,2 години.
Имено, веднаш по осамостојувањето Словенија имала малку над 600 илјади автомобили, кои во просек биле стари само 6,8 години.
До почетокот на наредната деценија оваа бројка е зголемена на 865 илјади, а просечната старост запазена.
Но после тоа таа започнува да расте а порастот на вкупниот број автомобили да паѓа, што е токму она што ги мачи Словенците.
Збунувачки во целата приказна делува продажбата на нови возила која во текот на сите овие години повеќе или помалку е стабилна и се движи меѓу 60 и 80 илјади возила годишно.
Што да кажеме ние?!