Во светот
Во Словенија започна воведувањето дигитални вињети
Од почетокот на месецов годишните вињети во Словенија за возилата до 3,5 тони се продаваат само како електронски.
Досегашните месечни и неделни вињети ќе останат во употреба до 1 февруари 2022 година, по што и тие ќе бидат електронски.
За информација, годишната вињета за патничките возила чини 110 евра, месечната 30 а неделната 15 евра.
Вињетите во Словенија се задолжителни за автопатиштата и брзите патишта.
Затоа и при купувањето преку интернет или на бензинските пумпи и покрај патиштата треба да се наведе регистрацијата на возилото.