EV

Во месец мај, Турција извезе автомобили во рекорден износ од 2.8 милијарди долари

Објавено на

 

Автомобилскиот сектор, кој во Турција со години наназад е водечки во извозот, во месец мај забележа пораст од 8% во однос на минатата година бележејки рекорден износ од 2.8 милијарди долари.

Поради големите турбуленции на кои е изложена Турција, некои факти а посебно економските резултати како да се ставени во втор план.

Поготово тоа важи за автомобилската индустрија која во последните 12 години е водечка извозна гранка во земјата.

Актуелизирањето на постигнатите резултати доаѓа по објавувањето на бројките за извозот остварен во мај, но и кумулативниот извоз во првите пет месеци од годината.

Апсолутен месечен рекорд е забележан во мај при што е оставрен вкупен извоз од од 2.8 милијарди USD што во однос на минатата година значи пораст од 8%. Тоа допринесе за првите пет месеци Турција да оствари извоз на автомобили во износ од 13 милијарди и 894 милиони долари.

Најголем пазар за автомобилите произведени во Турција се земјите на Европската Унија (80%) каде што е забележан раст на извозот за 10%.

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.