EV
Во март месец на европскиот пазар пласирани над 125 илјади електрифицирани возила
И покрај благиот пад што се бележи на европскиот автомобилски пазар, продажбата на електрифицираните возила забележа рекордна бројка од 125.400 возила.
Трендот на постигнување на рекордни продажби, според аналитичарите на “JATO”, оди на сметка на возилата со мотори на нафта чиј процент е во постојан пад.
Ако во минатото говоревме за приближен однос од 50:50 во продажбата на бензиски и дизел возила, сега тој однос драматично се менува.
Зголемената понуда и поприфатливите цени, пред се на хибридните модели, од една, како и постојаниот пораст на цените на моделите со дизелски мотори предизвикани од исполнувањето на еколошките норми, од друга страна, силно влијаат на промена на односите.
Ако се погледене продажната бројка на електрифицирани возила – хибриди, plug-in хибрди и чисто електрични возила – може да се констатира дека таа ја надминува продажната бројката на вкупнo пласираните возила во поголемиот број европски држави.
Што може да се очекува во иднина?
По се изгледа, бројката на електрифицирани возила и понатаму ќе расте, а и покрај жилавоста што ја покажуваат моделите опремени со нови дизел мотори, сепак нивниот удел и понатаму ќе се намалува.