Во светот
Во Кина пуштен во употреба најголемиот преку-морски мост (Видео)
Во Кина е предаден во употреба најдолгиот поморски мост кој ги поврзува Хонг Конг и Макао со континенталниот дел на земјата.
Како тој систем функционира веќе им е познато на сите жители на планетава, и тоа преку производи кои го носат печатот Made in China.
Со отварање на новиот мост сега и физички се поврзуваат островите Хонг Конг и Макао кои 99 години беа под британска управа и континенталниот дел кој сеуште ги носи белезите на комунистичко управување.
Идеите за поврзување на големиот трговско-финансиски центар со континенталниот дел на најнаселената земја во светот, потекнуваат уште од доцните осумдесети години, но реализацијата е започната во 2012 година.
Ова решение е направено поради обезбедување на непречен проток на бродови преку делтата на реката Pearl River.
Целиот проект чини 15.31 милијарди долари, сума која е далеку повисока од проектираната.
Шпекулациите базирани на продолжување на роковите за изградба помеѓу останатото говорат и за одредени коруптивни дејанија, но сепак тоа се само шпекулации а мостот е реалност од која сите ќе профитираат.
За сега, патниот сообраќај ќе биде контролиран и ограничен само на корисници со посебни дозволи, а во подоцнежните фази тој ќе биде либерализиран.
[tube]https://www.youtube.com/watch?v=KqLncpuQRUU[/tube]