Анализи
Во Европа за прв пат продадени повеќе електрифицирани отколку дизел автомобили
Готово е, нема повеќе назад – Европјаните за прв пат во историјата купија повеќе електрични или возила со некаква електрична помош отколку дизели.
Податоците за продажбата собрани и анализирани од Jato Dynamics велат дека во првите девет месеци годинава во Европа се регистрирани на 8,54 милиони нови возила, што е за 29 отсто помалку во однос на со лани.
Сигнал дека сепак оди на добро е септемвриската продажба која е за 1,2 отсто поголема отколку ланската – 1,30 спрема 1,28 милиони возила.
Во неа дизелите имаат учество од пазарот од само 24,8 отсто, што е помалку од електрифицираните возила – чисто електричните, плаг-ин хибридните, хибридните и благите хибриди.
Колку се погодени дизлеите покажуваат бројките за ланското септемвриско нивно учество кое изнесуваше 29 отсто и она од пред една деценија кое беше повеќе од 50 отсто.
Меѓу возилата со конвенционални мотори топ-местото е резервирано за Volkswagen Golf, зад кој блиску се наоѓаат Opel/Vauxhall Corsa и Renault Clio.
Од оние со обичен или благ хибриден мотор најпривлечна за купувачите беше Toyota Corolla, пред Ford Puma и Toyota C-HR.
Плаг-ин хибридите храбро ги предводи А-класата на Mercedes, зад која се Volvo XC40 и Audi Q5.
Прв меѓу чисто електричните возила е Tesla Model 3, далеку пред Renault Zoe и Volkswagen ID.3, што сигурно веќе во блиска иднина нема да остане така.