EV

Во Германски град поставени нови успорувачи на брзината (ВИДЕО)

Објавено на

 

Класичните „лежечки полицајци“ во делови од Ханау, Германија се заменуваат со нови. Успорувачот на брзината функционира така што ако се вози со поголема брзина тој се спушта за неколку сантиметри и прави засек низ кој поминува возилото.

Во членки на Европската Унија постоечките „лежечки полицајци“ се заменуваат со активни успорувачи на брзината. Принципот на делување е едноставен.

Ако се вози со пропишаната брзина глатко се поминува преку метална „клапна“ додека ако се прекорачи брзината тогаш едниот дел од неа се спушта со што се прави засек од неколку сантиметри.

По практичните искуства стекнати во Скандинавските земји, во градот Ханау, Германија решија да го применат истото решение.

Системот се состои од мерачи на брзината, кои во случај на прекорачување го спуштаат едниот крај на металниот поколопец правејќи така заб низ кој ќе помине возилото кое се движи побрзо од пропишаното.

Металниот дел не се простира до попречниот раб на коловозот поради оставање простор на велосипедистите. Ова воедно претставува селективно решение, па така возилата кои се движат со пропишаната брзина, не мора како до сега да поминуваат низ попречните грби, а оние кои брзаат ќе бидат грубо опоменати за прекршокот што го прават.

 

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.