Карлос Саинц кој од оваа сезона седна зад управувачот на Ferrari ги објаснува (речиси) сите функции на многубројните копчиња кои му се на располагање.
Дека воопшто не е едноставна работата на пилотите од Формула 1 тоа го знаеме сите.
Погледнете ја само таа силна технологија со која треба прецизно да се командува и се ќе биде јасно.
Сепак убаво е во детали да се погледнат сите команди и подесувања кои им стојат на располагање на возачите. Ги има премногу, нели?
Секако, но без нив невозможно е да се менаџира така софистициран пакет како што е болид од F1 шампионатот.
Мајсторијата се состои ва фактот што оперирањето треба да се врши при екстремни брзини и максимална концентрација на патеката и условите на неа.
