Видео
Возачот во Јапонија, возилото во Германија [видео]
Јапонскиот технолошки гигант Sony демонстрираше неверојатна технологија.
Наречена е 5G Remote Driving и отвора досега невидени можности за далечинско управување со возилата.
Во основа се работи за адаптирана технологија како и играњето видео игри на далечина, во спрега со 5G конективните можности обезбедени од Vodafon.
Видеото јасно покажува како функционира – возачот е во Јапонија, а возилото 9.363 километри подалеку, во Германија.