Во светот
Внимание молам, ви го претставуваме e-Tron GT, најсилниот Audi до сега
Audi го претстави фасцинантниот e-Tron GT, кој со својата молскавична брза електрична технологија базирана на Porsche Taycan е директен конкурент на Tesla Model S.
Со новата спортска купе лимузина Audi покажува колку електричните автомобили можат да бидат фасцинантни. Вториот целосно електричен модел на марката воедно е и најсилниот Audi во историјата.
Посилната RS изведба која има системска моќност од 590 коњи, кои на исто така 2,5 секунди можат да е пораснат на 646.
Веќе самото тоа кажува дека перформансите на e-Tron GT го запираат здивот – забрзувањата до 100 km/h му се декларирани на 4,1 и 3,3 секунди во зависност од изведбата, а максималната брзина е ограничена на 245 односно 250 km/h.
И двете изведби имаат по два електромотора, еден напред и еден назад, што само по себе значи и дека погонот е на сите тркала.
Автоматскиот менувач има два степена на пренос, а батериите со капацитет од 85 kWh обезбедуваат автономија од 488 односно 472 километри.
Audi e-Tron GT е молскавично брз и при полнење. Максималната моќност на полнење што ја подржува со еднонасочна струја изнесува дури 270 kW.
Тоа значи дека за пет минути батериите ќе соберат доволно струја за 100 километри, а од 5 до 80 отсто во оптимални услови ќе се наполнат за помалку од 23 минути.
Фотографиите кажуваат доволно за неговиот изглед, а за опременоста цената од 99.800 евра за нормалната и 138.200 евра за RS верзијата.