EV
Внимавајте, доаѓа новата серија 7 на BMW!
Ако сметате дека серијата 4 на BMW има голема маска, тогаш немојте да ја читате оваа вест.
Закажувајќи ја премиерата за наредниот месец, BMW го најави својот најпрестижен модел со неговата енормно голема маска.
Растегната по височина и широчина до максимум, таа сега има и осветлена рамка – колку да се знае кој е кој.
Истовремено, предните светла се намалени на најмала можна мерка која моменталната ЛЕД технологија ја дозволува.
Објавени се и компјутерски скици и од ентериерот, со 31-инчен монитор за патниците назад и дигиталниот кокпит напред.