Кога ќе пораснам, сакам да бидам Maybach!
Германскиот тјунер Hofele специјалист за Mercedes се погрижи за сериозен „мејкап“ на новиот GLE.
Пакетот за разубавување е достапен за сите верзии бидејќи нивните преработки не подразбираат засилување на моторот.
Пакетот предвидува двобоен екстериер, хромирани елементи, маска со ново лого, поинакви 23-инчни тркала, напа кожа и алкантара за ентериерот и дрвен под и алуминиумски детали во багажникот.
Цената на моделот HGLE Ultimate кој е на сликата изнесува солени 150.392 евра, што е двојно повеќе отколку она што го бара за стандардниот GLE 450 4Matic. Кој сака, сите наведени елементи може да ги нарача и поединечно.