Авто Спорт

Видео прилог од промотивните возења со „Renault Twingo Cup“ во Серес

Објавено на

На тркачката патека во Серес (Грција) го возевме Twingo подготвен за натпревари во посебно организираниот “Twingo CUP“ кој ќе се вози од осум македонски тркачи на  пет кружни и 4 ридско-брзински натпревари.

Првата кружна трка од годинешниот шамипонат во „Renault Twingo Cup“ е веќе закажана за 18 и 19 Мај во Кичево. Таа ќе биде една од вкупно петте кружни трка кои ќе се возат на патеките во земјава (Кичево-3 трки и по една во Скопје и на Ушче (Србија).

Покрај нив во новото натпреварување на кое ќе учествуваат осум натпреварувачи од земјава, ќе се возат и четири ридско-брзински трки: Водно (19-21 јуни), Кочани (14 и 15 септември), Авала-Белград (12 и 13 октомври), а сезоната ќе биде затворена со трката на Водно која ќе се вози на 26 и 27 октомври.

Во продолжение ви предлагаме да го погледнете видеото снимено при службеното претставување на возилата од “Renault Twingo Cup” на тркачката патека во Серес (Грција).

 

 

 

 

 

 

 

Click to comment

Popular Posts

Copyright © 2019 Autoinfo.mk. Изработено од SVNA Design.