На тркачката патека во Серес (Грција) го возевме Twingo подготвен за натпревари во посебно организираниот “Twingo CUP“ кој ќе се вози од осум македонски тркачи на пет кружни и 4 ридско-брзински натпревари.
Првата кружна трка од годинешниот шамипонат во „Renault Twingo Cup“ е веќе закажана за 18 и 19 Мај во Кичево. Таа ќе биде една од вкупно петте кружни трка кои ќе се возат на патеките во земјава (Кичево-3 трки и по една во Скопје и на Ушче (Србија).
Покрај нив во новото натпреварување на кое ќе учествуваат осум натпреварувачи од земјава, ќе се возат и четири ридско-брзински трки: Водно (19-21 јуни), Кочани (14 и 15 септември), Авала-Белград (12 и 13 октомври), а сезоната ќе биде затворена со трката на Водно која ќе се вози на 26 и 27 октомври.
Во продолжение ви предлагаме да го погледнете видеото снимено при службеното претставување на возилата од “Renault Twingo Cup” на тркачката патека во Серес (Грција).