EV
Вешт маневар на Suzuki
Во време кога другите „јапонци” бегаат, Suzuki го засилува своето присуство на европскиот пазар.
За кратко време Suzuki претстави два свои нови модела наменети за Европа – првиот на почетокот на јули, а вториот сега. И двата се ребрендирани модели на Toyota – Across всушност е RAV4, а Swace ништо друго освен Corolla Touring Sports.
Имено, марката се соочува со плаќање високи пенали заради големите вредности на просечната емисија на јагленород диоксид во својата гама.
За да не дојде до тоа, ултрапопуларниот Jimny започна да се повлекува од продажба, за да повторно се врати со N1 хомологација како комерцијално возило, бидејќи тие во CO₂ математиката влегуваат со повисоки вредности.
Од истата причина ќе бидат лансирани и Across и Swace, кои од оригиналите се разликуваат главно по ознаките на Suzuki и уште некој ситен детаљ.
Се разбира, никој па дури ни Јапонците не очекуваат овие два „нови” модела да имаат значајно учество во продажбата на марката, која лани во Европа изнесуваше солидни 260.383 возила.
Во продажба Suzuki Across ќе се најде есенва, а Swace зимава. Цените сеуште не се соопштени.