Во светот
Велат, криза било…
Новата германска автомобилска група Mercedes-Benz лани забележа нето добивка од 23,4 милијарди евра, што е скоро шест пати повеќе од годината пред тоа.
Приходите на трансформираната група од која се одвои камионското одделение пораснаа од 154 милијарди евра во 2020-та на 168 милијарди минатата година.
Групата Mercedes-Benz ги постигна овие резултати и покрај пандемијата и тесните грла во синџирот на снабдување благодарејќи на доброто менаџирање со приоритетите.
Така, со акцентот на поскапите модели заради недостатокот на чипови прилагодената маржа порасна од 6,9 на 12,7 отсто, а просечната цена на продадените возила за 26 отсто.
И годинава групата очекува раст на приходите, додуша поблаг во однос на минатата.